Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ – ЗАПАД: Вардар не ја победи и Беса, Силекс гази кон прва лига, Воска се „истури“ Велешта

ВМФЛ – ЗАПАД: Вардар не ја победи и Беса, Силекс гази кон прва лига, Воска се „истури“ Велешта

На Вардар не му оди и со Глигоров како тренер.

Дома со Беса црвено-црните одиграа само 2:2. Борбата за врвот сега изгледа многу далеку за вардарци затоа што Силекс е пред нив цели 10 бода. До водство Беса дојде со голот на Лимани во 23. минута. Потоа следуваа два гола на Филип Петковски, сепак Бекир во последните минути донесе изедначување за Беса и разочарување за Вардар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Силекс од друга страна сигурно гази на стартот од сезоната и дојде до петтата победа во исто толку натпревари во втората лига запад. Тетекс беше победен со головите на Алиу и Дуков.

Амбицизоната Воска се „истури“ на Велешта и славеше со 4:0. Головите за Воска ги постигнаа Алии, Фета (два) и Салиу. Кадино на гости кај Кораби доживеа пораз со минимални 1:0.

Фото: Фк Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…