Минатата сезона тимот на Солскјер доби 11 пенали, но работите како да се променија кога Клоп обвини дека имаат посебен третман.
Сега Солскјер го обвини Клоп дека неговиот тим не добива пенали за време на натпреварите поради неговите изјави. Норвежанецот истакна дека сакаат да го добиваат тоа што им е заслужено.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не сакаме повеќе сакаме само да го добиеме заслуженото. На последните два натпревари требаше да имаме три пенали. Еден тренер минатата сезона зборуваше дека сме добивале многу пенали и мислам дека поради тоа судиите се под притисок“.
„Судењето мораме да го оставиме на судиите не е наша работа да го коментираме. Веруваме дека добро ќе си ја вршат работата“, истакна Солскјер.