Дома Фудбал Англија Руни по стечајот во Дерби: Не знаев ништо, а играчите бараа одговори од мене

Руни по стечајот во Дерби: Не знаев ништо, а играчите бараа одговори од мене

Дерби Каунти од вчера и официјално е во стечајна постапка откако е утврдено дека клубот е во долгови кои надминуваат десетици милиони евра.

Славниот англиски напаѓач и жива легенда на Манчестер Јунајтед се соочува со најтешкиот предизвик од стартот на својата тренерска кариера. Денес тој имаше јавно обраќање во кое не киреше дека е разочаран од односот на газдата на клубот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Руни е разочаран затоа што за стечајната постапка дознал од медиумите.

„Ако знаев дека ситуацијата е ваква не знам дали ќе останев пред почетокот на сезоната. Со газдата не сум разговарал од 9-ти август. Имаше состанок со играчите во вторникот и јас присуствував, претходно немавме контакт. Како менаџер на тимот требаше да знам што се случува, бев навреден. Играчите и стручниот штаб бараа одговори, а јас не знаев што да им кажам“.

Сепак спремен е да се бори.

„Посветен сум на клубот. Пораснав во сиромашен дел на Ливерпул и знам колку тежок знае да биде животот во сиромаштија. Каква личност би бил ако сега си заминам на одмор? Подготвен сум за борба, тоа е мојот дух“, порача Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …