Дома Македонски спорт Мак фудбал Куп на Македонија: Шкендија, Шкупи и Борец не дозволија изненадувања

Куп на Македонија: Шкендија, Шкупи и Борец не дозволија изненадувања

Прволигашите кои денес ги играа своите натпревари од Купот на Македонија немаа проблеми.

Шкендија лесно дојде до осминафиналето победувајќи го Кит-Го Пехчево со 0:2. Уште на самиот старт можеше да се види разликата во квалитетот. Прволигашот имаше асполутна контрола и доминираше на теренот, додека домаќинот само на моменти знаеше да се закани.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Резултатот беше отворен во 23. минута кога Аденис Шала беше навистинското место по едно нафрлување. Во продолжение на теренот гледавме само еден тим на теренот. Шкендија создаваше шанси, конечните 0:2 ги постави Дориев.

Шкупи против Велшта забележа минимална победа од 0:1. Натпеварот беше решен во првото полувреме со голот на Марко Ѓоргиевски.

Најубедлива победа денес запиша Борец кој со 1:4 славеше против Њу Старс.

Фото: Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…