Екипата на Милан денес го одигра првиот натпревар од двомечот против тимот од Романија, Крајова.
Ова беше прв официјален натпревар за „росонерите“ после неверојатниот преоден рок во кој го променија скоро целиот тим. Италијанскиот гигант во овој натпревар не можеше да смета новите засилување, Леонардо Бонучи кој пристигна од Јувентус и Лукас Биља од Лацио.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако навивачите можеби очекуваа поголема и поубедлива победа „росонерите“ запишаа минимална победа од 0:1, единствениот гол на натпреварот го постигна новото засилување од Волфсбург, Родригез.
Во продолжение погледнете го единствениот гол на средбата.