Арсенал е спремен да го продаде напаѓачот Александар Лаказет во јануари, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французинот влезе во последната година од догогорот, па на „Емирати“ сметаат дека ова е последна шанса да заработат на неговото заминување.
Арсенал нема намера да му понуди нов договор и е спремен да ги слушне понудите кои ќе пристигнат.
Меѓутоа, заинтересираните клубови сакаат да го донесат Лаказет без обештетување и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус, па најверојатно Французинот ќе ја продолжи кариерата во Серија А.



