Дома Фудбал Англија Клубот на Вејн Руни објави стечај

Клубот на Вејн Руни објави стечај

Дерби Каунти објави стечај и многу лесно може да се случи да испадне од Чемпиошип каде што после седум кола се наоѓа на 16. место.

Клубот основан 1884 година кој го води Вејн Руни е во огромни финансиски проблеми и ќе му бидат одземени 12 бодови, а би можел да остане без дополни девет поради правилата за влегување во стечај.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двократниот шампион на Англија од 1972 и 1975 година во време на корона кризата остана без 20 милиони фунти што за таков клуб е огромна загуба. Сопственикот на клубот Мел Морис договори продажба на клубот во 2020 година, но лигата ја стопираше продажбата поради истрагата околу клупските финансиии.

Девет месеци подоцна стигна дозволата за продажба, меѓутоа поради кризата инвеститорите веќе не беа заинтересирани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона има две главни мети за летниот преоден рок

Во Барселона по неуспешната сезона размислуваат за засилувањата за следната сезона и веќе …