Дома Фудбал Англија Фердинанд: Да бев јас на местото на Солскјер ќе му кажев на Роналдо да седне

Фердинанд: Да бев јас на местото на Солскјер ќе му кажев на Роналдо да седне

Интересни сцени беа видени во натпреварот помеѓу Јанг Бојс и Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите во кој швајцарскиот тим победи со 2:1.

Главната улога ја имаше Кристиано Роналдо кој после излегувањето од игра покрај Солскјер од аут линијата делеше совети. Тоа не му се допадна на неговиот поранешен соиграч, Рио Фердинанд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ќе бидам искен. Да бев јас на местото на Солскјер ќе му кажев да седне. Знам дека се работи за страст. Силно сака да победи и не може да се воздржи, но треба да се воздржи“, изјави Фердинанд.

Слично мислење има и Питер Крауч.

„Сигурно би му кажал да седне. Но, тој е Кристиано и ќе го оставиме да прави што сака“, изјави Крауч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо најплатен спортист, заработува двојно повеќе од Меси

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Кристиано Рон…