Дома Македонски спорт Мак ракомет РК Алкалоид утре го игра првиот официјален натпревар

РК Алкалоид утре го игра првиот официјален натпревар

На 18.9.2021 (сабота) од 12:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, РК „Алкалоид“ ќе го одигра првиот официјален натпревар против РК „Металург – РА“. РК „Алкалоид“, како новоформиран клуб, сезоната ја започнува во машката Прва лига, во која оваа сезона ќе се натпреваруваат 19 екипи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Екипата на РК „Алкалоид“ е веќе формирана, а играчите се во полн тренажен процес и подготвени за предизвиците кои доаѓаат во ракометната сезона. Екипата е составена од млади, талентирани ракометари, кои биле дел од младинските состави на нашата ракометна репрезентација, но и дел од сениорскиот состав.

СОСТАВ:

Голмани: Иван Галевски, Ѓорѓи Ерманоски, Валентино Штаковски

Бекови: Мартин Серафимов, Игор Ѓоргиев, Теодор Тодески, Олег Јорданов, Михаил Ивановски, Божидар Илиески

Кружни напаѓачи: Кристијан Симоноски, Марко Стојковиќ, Дамјан Георгиевски

Крила: Дарио Кофилоски, Александар Стојков, Мартин Димовски, Михајло Костовски

СТРУЧЕН ШТАБ:

.Главен тренер: Љубомир Савевски

Помошници тренери: Биљана Црвенковска, Бранислав Ангеловски, Влатко Котески

Кондициски тренер: Петар Баснарков

Физиотерапевт: Тошо Ристовски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…