Дома Останати Тенис АТП воведува ново правило

АТП воведува ново правило

Необичното долги паузи во тоалетите или медицинските прекини во критичните моменти наскоро би можеле да станат минато во машкиот тенис.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Ројтерс“ објави дека АТП планира да воведе построги правила поради тоа што се случуваше на УС Опен со Стефанос Циципас.

Гркот беше често критикуван поради долгите паузи кои ги имаше додека одеше во тоалет.

„Ќе има построги и поригорозни правила кога станува збор за медицински прегледи на теренот и одењето во тоалет. Се надеваме дека ова ќе почне да важи од следната година“, соопштиле од АТП.

Прашина околу целата ситуација се крена најпрво по мечот меѓу Циципас и Мареј, кој беше нервозен зашто Гркот речиси осум минути го немаше на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познато е кога Карлос Алкараз ќе се врати на теренот

Карлос Алкараз во Барселона се здоби со непријатна повреда на тетивата поради која ќе пауз…