Дома Фудбал Останато Клас Јан Хунтелар стави крај на фудбалската кариера

Клас Јан Хунтелар стави крај на фудбалската кариера

Прославениот холандски напаѓач Клас-Јан Хунтелар одлучи да стави точка на богатата играчка кариера.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


38-годишниот напаѓач ова лето го напушти Шалке после испаѓањето од Бундеслигата и не пронајде нов ангажман. Холандските медиуми денес објавија дека Хунтелар одлучил да ја заврши кариерата, потоа на Твитер се огласи и Рајан Бабел кој му честиташе на Хунтелар на големата кариера.

Хунтелар е легенда на Шалке каде што играше од 2010 до 2017 и во тој период одигра 249 натпревари и постигна 129 голови. Со клубот од Гелзенкирхен освои еден трофеј во германскиот куп, како и Суперкупот на Германија во 2011 година.

Изминатото зимо се врати во Шалке со желба да помогне да избегне испаѓање од лигата, но во тоа не успеа.

Сениорската кариера ја почна пред две децении во ПСВ, потоа настапуваше за Херневен, Ајакс, Реал, Милан, Шалке. После седум години во Гелзенкирхен се врати во Ајакс каде што играше до минатата зима.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Директор на Милан не го крие интересот на клубот кон играчот од средниот ред на Сасуоло

Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, не ги негираше гласините за интересот на клубот к…