Дома Фудбал Италија Тоти воодушевен од Мурињо: Тој е нашиот громобран и тоа може да биде клучен фактор

Тоти воодушевен од Мурињо: Тој е нашиот громобран и тоа може да биде клучен фактор

Франческо Тоти, најголемиот играч во историјата на Рома даде интервју за „Газета дело Спорт“ во кое помеѓу останатото зборуваше и за новиот тренер на римскиот клуб, Жозе Мурињо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тоти призна дека е воодушевен од работата на Мурињо.

„Во рана фаза сме и тешко е да се прогнозира, но некои работи навистина ми се допаѓаат. Самото тоа што Мурињо ја избра Рома нешто зборува. Тој е многу флексибилен тренер. Освои се и има харизма, играчите го следат и го слушаат. Нема сомневање дека ќе биде најдобриот можен мотивитаор и клучна фигура во соблекувалната“:

„Ме воодушеви со способноста брзо да се прилагоди на нивната околина. Се става пред сите, тој е наш громобран и тоа во град како Рим може да биде одлучувачки фактор“, заклучи Тоти.

После три кола Рома има девет гола и најдобра гол-разлика, па затоа „волчицата“ е на лидерското место во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Беќири го објасни скандалозниот потег на фудбалерите на Шкендија по поразот во Купот (Видео)

Фудбалерите на Шкендија одбија да ги примат медалите по поразот од Силекс со 0-1 во финале…