Дома Фудбал Фудбалерите на Њукасл се „тепаа“ за дресот на Роналдо

Фудбалерите на Њукасл се „тепаа“ за дресот на Роналдо

Кристиано Роналдо го имаше своето второ деби на „Олд Трафорд“ и постигна два гола во победата над Њукасл (4:1).

Гостинските фудбалери беа импресионирани од Роналдо, додека некои од нив водеа жестока борба за неговиот дрес на крајот на мечот.

Британските медиуми пишуваат дека Џамал Ласелес, Исак Хејден и Жоелингтон биле во жестока караница за дресот на Роналдо, но не е познато кој успеал да го добие.

Роналдо на „Олд Трафорд“ играше од 2003 до 2009 година, се врати после 12 години и ги воодушеви сите на дебито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Санчо бара три милиони евра: Хетафе отпадна, саудиска понуда е во игра

Џејдон Санчо не ја прифатил понудата на Хетафе, а клуб од Саудиска Арабија е подготвен да …