Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов одново ќе биде помеѓу европскиот ракометен крем.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
После одлично одработените олимписки игри каде што делеа правда во финалето македонските судии ќе имаат чест да бидат дел од Европското првенство кое во јануари ќе се одржи во Унгарија и Словачка.
Со ова делегирање од страна на ЕХФ продолжува континуитетот на нашите судии на најголемите ракометни собири. Не само што ќе бидат дел од првенството, туку тие се и едни од фаворитите за финалето.