Дома Фудбал Англија Лингард одби да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

Лингард одби да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

Офанзиниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард одбил да стави попис на нов договор, пренесуваат медиумите на Островот.

Очекувањата беа дека Лингард ќе биде продаден ова лето, а како прв фаворит за неговиот потпис се сметаше Вест Хем.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Лингард последните шест месеци ги помина во Вест Хем каде блескаше во дресот на „чеканите“, но двата клуба не се договорија за трансфер.

Лингард остана на „Олд Трафорд“, а сега Манчестер Јунајтед му нуди нов договор, но играчот одбил да потпише.

Медиумите информираат дека Англичанецот сака да види како ќе се развива сезоната и колкава минутажа ќе добие. Тој сака да игра што е можно повеќе за да си осигури место во репрезентацијата.

Договорот на Лингард истекува следното лето, па до јунуари треба да донесе конечна одлука, или ќе потпише нов договор или ќе биде продаден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Славјето во Неапол донесе и огромен хаос: 98 повредени, 10 грабежи, искршени автомобили…

Наполи синоќа го освои Скудетото и стана шампион на Италија, предизвикувајќи еуфорија на у…