Дома Фудбал Репрезентации Тотенхем ќе ги казни аргентинските фудбалери кои на „своја рака“ отпатуваа на мечот со Бразил

Тотенхем ќе ги казни аргентинските фудбалери кои на „своја рака“ отпатуваа на мечот со Бразил

Прекинот на Суперкласико помеѓу Бразил и Аргентина предизвика бурни реакции ширум светот.

Беше бурно во Бразил иако имаше впечаток дека страстите до некаде се смирија, од Островот пристигнуваат поинакви информации. Имено, според информациите на островскиот „Телеграф“ двајцата нивни аргентински фудбалери ќе бидат казнети.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Наводно, Тотенхем им забранил на Џовани Ло Селсо и Кристијан Ромеро да патуваат за овој натпревар, токму поради ситуацијата со карантинот. Тие таа забрана очигледно не ја почитувале.

Иста е и ситуацијата со Девисон Санчез од Колумбија кој на „своја рака“ одговори на повикот на селекторот.

Според правилата на здравствените власти во Бразил одреден е карантин од 14 дена за сите фудбалери кои доаѓаат од Велика Британија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ЛеБрон во 2011 година купи 2% од Ливерпул за 5,6 милиони евра. Денес, оваа инвестиција има неверојатна вредност

Почетното вложување на НБА суперѕвездата ЛеБрон Џејмс од 6,5 милиони долари (5,6 милиони е…