Реал Мадрид до последниот ден од летниот преоден рок се обидуваше да го доведе Килијан Мбапе, но безуспешно.
Сепак, „кралевите“ се убедени дека Мбапе следното лето ќе пристигне на „Сантиаго Беранебеу“ без обештетување бидејќи му завршува договорот со ПСЖ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанските медиуми објавија дека Реал Мадрид би можел да плати до 80 милиони евра иако Мбапе ќе пристигне како слободен играч.
Шпанска „Марка“ пишува дека постои интерес од многу тимови за Мбапе, кој е еден од најдобрите напаѓачи во светот, па неговиот менаџер сака да добие што е можно повеќе пари.
Мбапе од 1 јануари 2022 година има право да потпише пред-договор со заинтересиран тим, а Реал Мадрид е фаворит за неговиот потпис.
Шпанските медиуми тврдат дека провизијата за потписот на Французинот може да достигне до 80 милиони евра.