Дома Македонски спорт Барди: Исланд е силна репрезентација, но многу работи ќе зависат од нас

Барди: Исланд е силна репрезентација, но многу работи ќе зависат од нас

На денешната прес-конференција пред натпреварот со Исланд во рамките од петтото коло од квалификациите за Светското првенство заедно со селекторот Благоја Милевски присуствуваше и Енис Барди.

„Исланд е силна репрезентација, но многу работи ќе зависат од нас. Желба дека има тоа не се сомневам. Мораме како и до сега да бидеме спремни и да одиме на победа“.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Мотивацијата е на највисоко ниво.

„Играме без притисок, така и кај мене и кај останатите. Сите сме гладни за успех, оваа репрезентација е млада и може да даде уште повеќе ако работите одат како што треба. Фудбалот е таков и секогаш мора да гледаш напред, не можеме да мислиме само што сме направиле, секако тоа што сме го направиле не се заборава“.

„Со селекторот работевме уште во У21. Ние го знаеме него и тој не знае нас, има неколку играчи кои не работеле со него, но брзо се вклопуваат. Најважно е да одиме наптпревар по натпревар и во секој да влегуваме со 100%“.

Натпреварот со Исланд го играме утре со почеток од 18:00 часот.

Фото: ФФМ/Петр Стојановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Најскапото засилување на Ливерпул можно е да се соочи со долга пауза поради сериозна повреда

Ливерпул во саботата извојува значајна победа на гостински терен против Тотенхем со резулт…