Дома Трансфер зона Пјаниќ се уште може да ја напушти Барселона

Пјаниќ се уште може да ја напушти Барселона

Од почетокот на летото медиумите шпекулираа дека Миралем Пјаниќ сигурно ќе ја напушти Барселона, но Босанецот остана на „Камп Ноу“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пјаниќ не е во плановите на тренерот Куман, а клубот сака да се ослободи од неговата висока плата.

Најсилен интерес за него покажуваше Јувентус, Пјаниќ до последниот ден се надеваше дека може да се врати во Торино, но трансферот не се реализира.

Сепак, медиумите пренесуваат дека се уште постојат шанси Босанецот да ја напушти Барселона. Трансфер пазарот во Русија и Турција е се уште отворен, а неколку тамошни клубови се заинтересирани за неговиот потпис.

Сепак, за да се реализира трансферот Барселона ќе мора да прифати да ја плаќа половина од неговата плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…