ФК Скопје пред само 17 дена го доведе фудбалерот Флорент Османи од редовите на Шкупи, но тој повеќе не e член на ФК Скопје.
Како што открива самиот фудбалер, тој заминува поради логото на на ФК Скопје на кое има и крст.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Клубот ми понуди да го покрие амблемот на мојот дрес, но тоа не беше решение, јас сум голем верник и не сакам да одам против мојата вера. Жал ми е што морам да заминам, сите во клубот одлично ме примија, но ова е посилно од мене. Религијата е нешто свето за мене“, изјави Османи за Инфоспорт кој се очекува во текот на денот да биде повикан во клубот на состанок, на кој двете страни ќе ја прекинат соработката.
Mината сезона, Османи беше дел од Лирија во Косово. Додека во Македонија покрај Шкупи го носеше дресот и на Гостивар.
Сеуште не е откриено каде овој 29 годишен фудбалер ќе ја продолжи кариерата после прекининувањето на соработката со тимот на ФК Скопје