Дома Трансфер зона Вилшер тренира со клуб од Серија Б

Вилшер тренира со клуб од Серија Б

Џек Вилшер во минатото важеше за еден од најпреспективните играчи во светот. Беше клучен играч во еден период под водство на Венгер и иднина на англиската репрезентација. Колку во тој период беше добар покажува и тоа што Барселона со Гвардиола се обидуваше да го доведе.

Сепак, Вилшер не исполни ниту половина од својот потенцијал во главно поради повреди. Пред една недела се пишуваше за тоа како со месеци е без клуб и дека има проблеми. Сега од Италија пристигнуваат нови вести.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Имено, Вилшер во овој момент тренира со второлигашот Комо кој иматата сезона играше во трета лига. За овој клуб нема да може да заигра поради излегувањето на Велика Британија надвор од ЕУ. Тој се води како од држава од надвор од Европската унија и за некој италијански второлигаш да може да го регистрира треба претходно да има играно за друг италијански клуб.

Вилшер во разговор за „Атлетик“ откри и дека размислува за крај на кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона ќе го искористи Де Јонг да дојде до еден од најдобрите шпански фудбалери?

Eкипата на Барселона подолго време се обидува да се ослободи од Холанѓанецот, Френки Де Јо…