Откако не успеаа Мбапе како што стојат работите Реал Мадрид договорил друго одлично засилување во финишот од преодниот рок.
Нов член на „кралевите“ ќе биде Едуардо Камвинга (18) кој во Мадрид доаѓа од Рен, а трансферот би требало да изнесува околу 30 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Преговорите помеѓу францускиот клуб и Реал се во завршна фаза. Се очекува младиот играч за врска да ги помине лекарските прегледи и да потпише повеќегодишен договор со Реал.
Камвинга е најмладиот фудбалер кој заиграл во историјата на Рен со само 16 години и еден месеци. Треба да се спомене дека доби прилика и во репрезентацијата на Франција.
🔴 Eduardo Camavinga serait entrain de passer sa visite médicale pour s'engager au Real Madrid ! 🤯
— BeFoot (@_BeFoot) August 30, 2021
(@PaulTchoukriel / C+) pic.twitter.com/0f0n4rTR99