Дома Трансфер зона Јувентус купи уште еден „пулен“ на Раиола

Јувентус купи уште еден „пулен“ на Раиола

Јувентус е блиску до комплетирање на трансферот на младата ѕвезда на ПСВ, Мохамед Ихатарен, пренесува „Скај Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


19-годишниот фудбалер за врска важи за еден од најголемите таленти во Европа. „Бјанконерите“ за неговиот потпис ќе платат 6 милиони евра, но играчот ќе биде пратен на позајмица во Сампдорија.

Тоа е вториот играч на Мино Раиола кој потпишува за Јувентус во последните два дена. Претходно пристигна Моис Кин од Евертон за трансфер вреден 20 милиони евра.

Јувентус не се откажува и од Мауро Икарди, но тој трансфер ќе биде многу тешко да се комплетира до крајот на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…