Кристиано Роналдо вчера се врати во Манчестер Јунајтед после 12 години.
Сега трансферот на Роналдо го коментираше легендарниот стратег Фабио Капело. Искусниот стратег ги кажа според него причини поради кои Роналдо се одлучил на ваков потег.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мислам дека Роналдо направи проценка на актуелниот тим на Јувентус и заклучи дека според него тимот не може да направи многу на меѓународна сцена. Трите неуспешни обиди во Лигата на шампионите исто така веројатно се една од причините“, смета Капело.
Покрај Роналдо, Серија А ја напушти и Лукаку.
„Заминувањето на Лукаку и Роналдо ја ставаат лигата во поинаква димензија, нешто што важи и за Ла Лига откако Меси си замина. Сега Серија А загубил дел од својот шарм, сепак верувам дека младите фудбалери ќе донесат нова енергија“, изјави искусниот стратег.