Дома Македонски спорт Мак ракомет РФМ со посебна благодарница за Начевски и Николов за допринос во афирмацијата на македонскиот ракомет

РФМ со посебна благодарница за Начевски и Николов за допринос во афирмацијата на македонскиот ракомет

Високо почитувани во светските ракометни кругови, македонските ракометните судии и делегати претставуваат посебна додадена вредност на македонскиот ракомет. Нивната постојана вклученост во врвот на меѓународните натпреварувања е доказ за квалитетот кој оваа фела го поседува а „Ракометната Федерација на Македонија“ настојува континуирано да ја подржува и унапредува нивната работа.

„За нас како Федерација беше особена чест што довербата за делењето правда на финалниот ракометен меч на ЛОИ во Токио беше доделена токму на македонските судии Начевски и Николов, кои со предизвикот се износеа достоинствено и максимално професионално. Како вистински супер-амбасадори на македонскиот спорт, на неколку наврати на големите ракометни арени, овој судиски пар ја покажа и докажа својата експертиза, заради што ние како матична федерација одлучивме симболично да им се заблагодариме. Јас лично, искрено им посакувам нивната успешна приказна да продолжи!“ – изјави Претседателот на РФМ, г. Живко Мукаетов.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Начевски и Николов за својот придонес во промовирањето и афирмацијата на македонскиот ракомет на големите натпреварувања добија симболични благодарници а Управниот одбор на РФМ донесе одлука да им додели еднократна парична награда во износ од 1.000 ЕУР поединечно за учество во делење арбитража на Олимпиското финале 2021 година Токио.

Елитниот македонски судиски пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов години наназад се дел од повеќе Европски и Светски првенства:Светско првенство Шведска (2011), Европско првенство Србија (2012),Олимпијада Велика Британија – Лондон (2012), Светско Првенство Шпанија (2013), Европско првенство во Данска (2014), Светско првенство во Катар – 1/4 финале (2015), Европско првенство во Полска – меч за 3 место (2016), Олимписки квалификации во Полска (2016),Олимпијада Бразил- Рио (2016), Светско првенство во Франција (2017), Европско првенство во Хрватска (2018), Светско првенство во Германија и Данска (2019), Европско првенство во Австрија, Шведска и Норвешка – Финале (2020),Светско првенство Египет 1/4 финале (2021) и неодамнешното Олимписко финале во Токио. На клупски план, овој судиски пар судеше Финале на Ф4 во ЕХФ Куп како и три полуфинални натпревари во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за Светското првенство

Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави поширокиот список н…