Кристиано Роналдо е пред заминување од Јувентус, а како што стојат работите негов нов клуб ќе биде Манчестер Сити.
Роналдо со Јувентус има договор на уште една година и изгледаше дека ќе остане во овој клуб затоа што сезоната започна, но работите се променија. Веќе на големо се најавува неговиот трансфер во Сити.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Се очекува Сити да го доведе Роналдо за 25 милиони евра колку што бара Јувентус, исто така на Апенините се пишува дека Роналдо нема да биде на располагање за викендот и утрешниот натпревар со Емполи. Причината е што сака побрзо да го заврши трансферот.
Во овој момент најблиску да го замени Роналдо е Моис Кин од Евертон.