Дома Фудбал Добри вести за Каталонците, Педри става потпис

Добри вести за Каталонците, Педри става потпис

Барселона постигна договор за продолжување на соработката со младиот играч за врска Педри, според кој ќе го задржи на „Камп Ноу“ до 2026 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


18-годишниот играч одигра одлична сезона во која изигра рекордни 73 меча, вклучително со шпанската репрезентација.

Меѓутоа, неговиот договор истекува на крајот на оваа сезона, па поради тоа Барселона брза да ја продолжи соработката со Шпанецот.

Многу европски гигати го следат Педри, но и тој самиот преферира да остане на „Камп Ноу“, па брзо постигна договор со каталонскиот гигант.

Барселона со новиот договор ќе му понуди значително зголемување на платата, а се очекува Педри следните денови да стави потпис на договор до 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ: Начинот на кој Босна загуби е голема лекција на СП за сите

Босна и Херцеговина го заврши настапот на СП. Иако имаа играч повеќе, беа поразени со 2:0 …