Иднината на Кристиано Роналдо во Јувентус не е сигурна и Португалецот до крајот на преодниот рок може да го напушти клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Доколку Роналдо замине, прва желба на тренерот Алегри е напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди.
Икарди не добива голема минутажа, па и самиот сака да ја промени средината. Најсилен интерес за него покажува Јувентус, а Алегри веќе имал разговор со напаѓачот.
ПСЖ е спремен да го продаде доколку пристигне добра понуда, а самиот Икарди преферира да се врати во Серија А.
Во последните денови се засилија шпекулациите дека Роналдо може да замине, особено откако одби да биде во стартниот состав на мечот против Удинезе.