Манчестер Сити го прегази Норвич (5:0) во натпревар каде својот деби гол за „граѓаните“ го постигна Џек Грилиш.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Серијата погодоци беше отворена уште во седмата минута кога голманот Крул си постигна автогол, а во 22-та минута Грилиш зголеми на 2:0.
Во последните дваесетина минтути Норвич комплетно се „распадна“, па најпрво погоди Лапорт, а во листата на стрелци се запишаа Стерлинг и Марез.
Астон Вила запиша сигурна победа против Њукасл (2:0), додека Лидс и Евертон одиграа реми (2:2).