Дома Македонски спорт Мак фудбал Јаховиќ потврди, се враќа во репрезентацијата

Јаховиќ потврди, се враќа во репрезентацијата

Новиот селектор Благоја Милевски го повика и Адис Јаховиќ за септемврискиот квалификациски циклус.

Милевски списокот официјално ќе го објави наредните денови, но Јаховиќ за нашиот медиум потврди дека добил повик. Минатиот месец селекторот беше во Турција и разговараше со напаѓачот, па одлучи да го врати во репрезентацијата.

Ова за Јаховиќ ќе биде повторно враќање во репрезентацијата по неколку години. Голгетерот на Гецтепе ќе биде дел од списокот за трите квалификациски натпревари за Мундијалот во Катар.

Милевски ќе повика и тројца дебитанти. Никола Серафимов и Тодор Тодороски ќе бидат освежувања во одбраната, а Бојан Миовски во нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ристовски го врати споменот на Порто, каде Македонија беше на чекор од Мундијал

Стефан Ристовски сподели фотографија со Кристијано Роналдо од капитенската средба во Порто…