Македонската женска кошаркарска репрезентација ќе игра во групата „А“ во претстојните квалификации за пласман на Евробаскетот во 2023 година.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Противнички на Македонија во групата „А“ ќе бидат репрезентациите на Белгија, Германија и Босна и Херцеговина.
Согласно ситемот за натпреварување, најдобрите десет селекции во групната, квалификациска фаза, како и четирите најдобри кои ќе завршат како второпласирани, ќе обезбедат учество на Евробаскетот.
Kвалификациите ќе се одвиваат во три ФИБА „прозорци“. Првиот е од 11 до 14 ноември, 2021 година. Потоа од 24-27 ноември, 2022 година, а последниот од 24 до 27 февруари 2023 година.