Дома Трансфер зона Барселона може да го испрати Кутињо на позајмица во Серија А

Барселона може да го испрати Кутињо на позајмица во Серија А

Бразилецот Фелипе Кутињо се очекува да ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок, Каталонците подолго време се обидуваат да го продадат, но нема заинтересирани клубови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најголем проблем е големата плата која ја има Кутињо и тешко дека некој би сакал да ја преземе.

Сега италијанските медиуми пишуваат дека Лацио е заинтересиран да пронајде договор со Барселона за да го доведе во своите редови.

Се шпекулира дека би можел да биде постигнат договор за едногодишна позајмица, меѓутоа не да ја преземе во целост неговата плата. На Барселона такво нешто не и одговара премногу затоа што поради финансиската ситуација сакаат во целост да го ослободат буџетот од платата на Бразилецот.

Но, засега таква опција за Барселона нема, па не е исклучена можноста да дојде и до договор каков што нуди Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…