Раџа Наинголан летово го раскина договорот, а како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во неговата Белгија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Наинголан постигнал договор со Антверпен, иако имаше неколку понуди од Серија А, посебно конкретен беше Каљари каде што играше минатата сезона на позајмица, сепак се врати во татковината.
Станува збор за клуб од неговиот роден град. Со тимот на Антверпен Наинголан ќе потпише договор на две години, се ќе биде официјално откако ќе ги помине лекарските прегледи.