Дома Македонски спорт Мак фудбал Братот на Дембо Дарбо кој блескаше во Шкупи потпиша за Работнички!

Братот на Дембо Дарбо кој блескаше во Шкупи потпиша за Работнички!

Работнички го засили нападот со двајца интернационалци од Гамбија. Ебрима Баџие (22) и Ламин Дарбо (18) се нови фудбалери на нашиот тим.

Ебрима Баџие може да настапува како офанзивен играч за врска и како крилен напаѓач, а доаѓа од тимот на Брикама Јунајтед од Гамбија.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Среќен сум што добив шанса да настапувам за Работнички. Ќе дадам се од себе за да му помогнам на тимот да ги оствари целите во новата сезона“, вели Ебрима Баџие.

Ламин Дарбо е централен напаѓач и исто така има настапувано во првенството на Гамбија. Тој е помлад брат на Дембо Дарбо, кој во минатото настапуваше за Шкупи и тоа со голем успех.

„Запознат сум квалитетот на првенството во Македонија и за мене тоа е голем предизвик. Ќе се потрудам да ја оправдам довербата“, изјави Ламин Дарбо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…