Дома Трансфер зона Oфицијално: Демирал се пресели во Аталанта

Oфицијално: Демирал се пресели во Аталанта

Дефанзивецот на Јувентус, Мерих Демирал следната сезона ќе го носи дресот на Аталанта каде што ќе настапува како позајмен фудбалер.

Аталанта го доведе Демирал на позајмица со право на откуп за 30 милиони евра следното лето. Демирал дел од Јувентус беше две сезони, а пристигна од Сасуоло.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во Аталанта Демирал пристигнува како замена за Кристијан Ромеро кој се очекува да го комплетира трансферот во Тотенхем кој ќе изнесува 50 милиони евра. Аталанта прво го откупи Ромеро од Јувентус за 16 милиони евра бидејќи во нивните редови настапуваше како позајмен фудбалер, па потоа го продаде во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…