Meси ја напушта Барселона, тоа Каталонците го потврдија вчеравечер. Денес Лапорта ја објаснува ситуацијата за заминувањето на Аргентинецот.
Навивачите се бесни и чекаат одговори, а Лапорта се правда дека такво нешто било неизбежно поради финансиската ситуација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Финансиската ситуација и бројките беа полоши отколку што мислев. Нашиот сегашен буџет за плати не остава ниту милиметар простор за маневар, проблем прави и финансискиот фер плеј. Не можев да донесам одлука која ќе го уништи клубот. Барса е најаважна“.
Договор со Меси имало.
„Со Меси ги договоривме деталите, но едноставно не можеме да го регистрираме. Финансискиот фер плеј е најголемиот проблем. За жал наследивме катастрофална финансиска ситуација. Платите на играчите изнесуваат 110% од добивката на клубот и нема никаков простор. Кога доаѓавме во клубот бројките кои ни беа прикажани беа многу поинакви од реалноста. Предвидените загуби се големи, долгот е огромен“.
„Да бидеме јасни, Меси сакаше да остане, неговата желба не беше доведена во прашање. Сакам да му се заблагодарам на него и на сите луѓе кои учествуваа во преговорите. За жал ја прекинуваме соработката поради правилата. Тажен сум, но направивме се што можевме. Почнува нова ера без Меси, ние засекогаш ќе му бидеме благодарни“.
Шанси за пресврт?
„Не сакам да давам лажна надеж. Имавме рок до кој моравме ова да го решиме, Ла Лига наскоро почнува. Меси може да бара нов клуб. Преговорите со Меси се завршени, не можеме да го регистрираме и рокот помина. Тоа е тоа“, изјави Лапорта.