Со доаѓањето на францускиот репрезентативец, Пеп Гвардиола за нешто повеќе од една година потроши вистинско богатство на засилувања во последната линија на тимот.
Манчестер Сити ова лето доведе шест засилувања, од нив ангажираа еден голман (Едерсон Мораеш-Бенфика), еден играч од средината (Даглас Луиз – Васко Де Гама), еден крилен играч (Бернардо Силва – Монако) и три дефанзивци.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во прашање се Кајл Вокер (Тотенхем), Данило (Реал Мадрид) и најновото засилување Бенџамин Менди (Монако).
„Граѓаните“ потрошија околу 230 милиони евра, а само за последната линија од тимот искешираа повеќе од 130 милиони евра.
Кога ќе се потсетиме и на минатото лето, за 53 милиони ангажиран беше Џон Стоунс од Евертон, станува јасно дека Гвардиола за само една година во Манчестер потроши 183 милиони евра на засилување на одбраната.
Гвардиола така на располагање ќе ги има двата најскапи дефанзивци во светот, како и највеќе платениот голман во светот, со оглед на тоа дека за Едерсон од Бенфика платија 39 милиони евра, со што беше соборен рекордот на Буфон кој своевремно за 36.5 милиони евра премина од Парма во Јувентус.