Дома Трансфер зона Aко Интер го продаде Лукаку за 120 милиони евра ќе задржи само половина?

Aко Интер го продаде Лукаку за 120 милиони евра ќе задржи само половина?

На големо во италијанските медиуми се пишува за можниот трансфер на Ромелу Лукаку во редовите на Челзи и најавите се дека во овој момент Лукаку е поблиску до заминување, отколку до останување во Интер.

Последните информации се дека Интер е спремен да го продаде својот најдобар играч за 120 милиони евра, а Лукаку така би се вратил во клубот во кој настапуваше претходно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа сега пристигнуваат вести дека ако Интер добие 120 милиони евра за себе ќе задржи само половина од тој износ.

Имено, „Нероаѕурите“ се уште должат 55 милиони евра за трансферот на Лукаку на Манчестер Јунајтед пред две години, освен тоа „црвените ѓаволи“ имаат право и на 5% од сумата од неговиот нареден трансфер.

Значи, Јунајтед ќе добие нешто повеќе од 60 милиони евра ако Интер го продаде Лукаку за 120 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал спремен да го продаде Жесус

Арсенал ова лето е спремен да слушне понуди за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, пренесув…