И покрај сите напори да се заврши со реконструкцијата на време новиот прволигаш Тиквеш сепак нема да ја пречека Шкендија во Кавадарци во првото коло во ПМФЛ.
Првата македонска фудбалска лига стартува в недела, а во неа Тиквеш ќе игра против Шкендија. Поради реновирањето на собелкувалните на својот стадион Тиквеш првиот натпревар нема да го игра дома и ќе мора даи гра во Прилеп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стадионот „Гоце Делчев“ беше избран од раководството на Тиквеш да го одиграат натпреварот против актуелниот шампион.
Следниот натпревар во кој Тиквеш ќе биде домаќен, а тоа е третото коло кога ќе им гостува Академија Пандев би требало да го играат на нивниот стадион во Кавадарци.