Реал Мадрид е спремен да се раздели со Иско ова лето и го стави плејмејкерот на трансфер листа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иско го загуби местото во стартниот тим, Анчелоти не го гледа како стартер, па во Реал сметаат дека треба да се ослободат од неговата плата која изнесува 7 милиони евра.
Притоа, Иско влезе во последната година од договорот, па ова е последна можност Реал да заработи на неговиот трансфер.
Најсилен интерес за Шпанецот покажува Милан, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Јувентус, бидејќи Иско е голема желба на Алегри.
Реал Мадрид постави цена од 20 милиони евра и очекува понуди за шпанскиот плејмејкер.