Дома Останати Кошарка Франција ја доби Италија и закажа полуфинале со Словенија

Франција ја доби Италија и закажа полуфинале со Словенија

Третиот четвртфинален дуел на кошаркарскиот турнир во Токио го одиграа селекциите на Италија и Франција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На крајот триумфираше селекцијата на Франција со резултат 75:84.

Италија подобро го отвори мечот и првата четвртина ја доби со резултат 25:20. Во втората четвртина Франција возврати со 17:23 и на полувреме заминаа со водство од 42:43.

Третиот период беше клучен. Франција одигра одлично и го добија тој период со 12:21, така стигнаа до двоцифрена предност. Во последната четвртина Италијанците се обидоа да се вратат во мечот, но Французите ја задржаа предност.

Одличниот Гоберт постигна 22 поени и забележа девет скокови, Фурниер исто така беше одличен со 21 поен, три скока и четири асистенции. Кај Италија Фотекио постигна 23, Галинари оствари дабл-дабл со 21 поен, три скока и четири асистенции.

Во полуфиналето Франција ќе се сретне со Словенија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс ќе потроши еден куп пари за транспорт – ќе лета со хеликоптер до новиот тим!?

Една од најинтересните теми по преминот на Леброн Џејмс во Филаделфија не е врзана за тере…