Дома Фудбал Солскјер импресиониран од Варан: Тој е лидер

Солскјер импресиониран од Варан: Тој е лидер

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер е воодушевен од новото засилување Рафаел Варан.

Варан го комплетираше трансферот од Реал Мадрид, а Солскјер откри дека и Фергусон во минатото го сакал Французинот.

„Секако дека сум пресреќен што успеавме да постигнеме договор со Реал Мадрид за пристигнувањето на Варан. Добиваме докажан победник и играч кој го следиме долги години наназад“.

„Тој е докажан лидер. Играч кој со години го следеше Сер Алекс Фергусон и беше блиску да го ангажира. Со него ќе добиеме поквалитетен тим“, истакна Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два поништени гола и непробојна Фалк: Челси запрен во Шведска

Фудбалерките на Челси доминираа против Хекен, но останаа без погодок и одиграа 0-0 во Лига…