Дома Трансфер зона Барселона се вклучи во трката за стоперот на Аталанта

Барселона се вклучи во трката за стоперот на Аталанта

Барселона се приклучи во трката за дефанзивецот на Аталанта, Кристиан Ромеро, пренесуваат италијанските медиуми.

Аргентинецот одигра одлична сезона сезона во Бергамо и беше избран за најдобар дефанзивец во Серија А. Аталанта го откупи неговиот договор за 16 милиони евра бидејќи фудбалерот беше на позајмица од Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотенхем веќе неколку дена преговара со Аталанта за трансферот и за потписот на Ромеро понуди 55 милиони евра.

Сега во трката за дефанзивецот се приклучи и Барселона, која е во потрага засилување на одбраната.

Во овој момент Тотенхем е во преднот бидејќи ја има највисоката понуда, но Ромеро преферира преселба на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…