Дома Македонски спорт Мак фудбал Град Скопје го предаде Вардар на „Блу Скај“: Имаме големи планови!

Град Скопје го предаде Вардар на „Блу Скај“: Имаме големи планови!

Денес градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, Слободан Крстевски (Блу Скај) и Самоил Симев, поранешниот директор на ФК Вардар одржаа прес-конференција по повод преземањето на Вардар од страна на „Блу Скај“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Со задоволство можам и официјално да соопшто дека завршено е посредувањето на Градот Скопје со стариот и новиот сопственик на ФК Вардар. Станува збор за фирмата „Блу Скај Инвестмент“ која во целост го презема договорот со сите услови што ги има Град Скопје со поранешниот сопственик“, изјави Шилегов.

Обврската на новиот инвеститор ќе биде да го врати Вардар прво во првата Фудбалска лига, а потоа и во врвот на македонскиот фудбал.

„Благодарен сум на сите кои се ангажираа Вардар да застане на здрави нози и да функционира нормално. Со клубот имаме големи планови, можеби и поголеми од претходните сопственици. Преговараме со странски и домашни инвеститори да инвестираат кога Вардар ќе го има повторно статусот на прволигаш“, најави новиот сопственик Крстевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …