Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен е силно заинтересиран за напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер.
Вернер минатото лето пристигна на „Стенфорд Бриџ“ како големо засилување за 50 милиони евра, но одигра лоша сезона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Германецот не се снајде најдобро во Премиер лигата и со своите промашувања стана предмет на потсмев, па Челзи е спремен да слушне понуди за него.
25-годишниот Германец исто така сака да ја промени средината, а Баерн сака да ја искористи таквата ситуација.
Левандовски веќе има 32 години и ова најверојатно ќе биде последната негова сезона во Баерн, па Баварците во Вернер гледаат идеална замена.
Вернер одлично се вклопува во играта на Јулијан Нагелсман, па Баерн во наредните денови ќе испрати официјална понуда за напаѓачот.