Дома Топ вести Ништо од Халанд, Челзи тргнува по Лукаку

Ништо од Халанд, Челзи тргнува по Лукаку

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку може да се врати во Челзи, пренесуваат медиумите на Островот.

Приоритет на Челзи на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а прва желба е Ерлинг Халанд.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Норвежанецот е премногу скап, па Челзи сега ќе се сврти кон Ромелу Лукаку, а тренерот Тухел веќе дал зелено светло за трансферот.

Белгиецот одигра фантастично во дресот на Интер и беше најзаслужен за освојување на шампионската титула. „Нероаѕурите“ моментално имаат финансиски проблеми, па Челзи ќе се обиде да ги искористи и веќе стапил во контакт со агентите на Лукаку.

Интер не сака да го продаде Белгиецот, но доколку пристигне понуда повисока од 110 милиони евра, тогаш ќе биде приморан да ја прифати.

Челзи наводно нема да жали пари и е спремен да понуди 100 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…