Новиот европски шампион со репрезентацијата на Италија, Џорџо Киелини започна преговори со Јувентус за потпис на нов договор. Според медиумите во Италија барањата на Киелини се прилично високи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Киелини поради повреда го пропушти поголемиот дел од минатата сезона, но после одличното Европско првенство побара двегодишен договор од Јувентус со повисока плата.
Целта на капитенот на „Аѕурите“ на највиоско ниво да го дочека Мундијалот кој ќе се игра наредната година.
Претходната сезона Киелини заработуваше 3.5 милиони евра, сега бара дополнителен еден ипол милион.