Српската јавност уште на стартот од Летните Олимписки игри се израдува на медал.
Дамир Микец денес го освои сребрениот медал во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри. За разлика од овие Олимписки игри Србија во Рио Де Женеиро чекаше дури 11 дена за првиот медал.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Микец заврши втор зад победникот во оваа дисциплина Џавада Форуги, а заврши пред Кинезот Веи Панг.
Ќе потсетиме дека во ова натпреварување се натпреваруваше и Македонецот Борјан Бранковски кој ја освои 21. позиција.