Aргентинскиот стратег Маурисио Покетино во ПСЖ пристигна во јануари на местото на Томас Тухел и неговиот договор имаше важност до јуни 2022 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Денес раководството на клубот од Париз одлучи да ја продолжи соработката со Аргентинецот до 2023 година. Покетино го водеше ПСЖ на 34 натпревари и во тој период запиша 23 победи, четири нерешени и седум пораз. Ваквиот потег можеби е изненадување затоа што ПСЖ минатата сезона не го освои ниту француското првенство.
Во новата сезона пристигнаа неколку големи имиња, а амбициите на клубот секако се трофи, не само дома, туку и оној во Лигата на шампионите.
🔴 #Pochettino2023 🔵 pic.twitter.com/OPMnmI1nkt
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) July 23, 2021