Емил Смит Роу од денес е нов сопственик на „десетката“ во Арсенал, а доби и договор до 2026 година.
Овој 20 годишник го наследи легендарниот број кој до неодамна му припаѓаше на Месут Озил кој си замина од Лондон после седум години.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Тренерот Микел Артета е задоволен од овој потпис.
„Како што можевме да видиме минатата сезона, Емил е интелигентен играч со одлични карактеристики. Неговата неверојатна визија за игра го направи важен играч за нас. Посветеноста и желбата да напредува се истот така импресивни. Сигурен сум дека навивачите ќе бидат задоволни што остана верен на нашиот клуб“, изјави Артета.
Смит Роу во минатата сезона постигна четири гола и подели седум асистенции на 33 натпревари. Арсенал ова лето одби понудата од Астон Вила која изнесуваше 30 милиони евра.
New season.
— Arsenal (@Arsenal) July 22, 2021
New contract.
New number.
✍️ @emilesmithrowe pic.twitter.com/DT13LjBD1B